Националната земјоделска мрежа прашува: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?

Националната земјоделска мрежа испрати соопштение до јавноста во кое бара одговор од Платежната агенција и МЗШВ зошто до тутунари се испратени писмени барања да вратат средства од веќе исплатени субвении во 2025 година, за реколтата 2024.

Кај некои тутунари се бара поврат на исплатени субвенции и до 6 илјади евра. Доказот кој го објавиваме бара поврат на средства до 2 илјади евра.
Според информациите од теренот, до членовите на НЗМ и останатите земјоделци пристигнуваат писмени известувања од страна на Платежната агенција со кои се бара да ги вратат парите добиени за предадениот тутун од реколтата 2024 година.

“Ова создава непријатна состојба и несигурност кај производителите во период кога средствата се веќе вложени во новото производство. Во отсуство на подетални официјални информации, Националната земјоделска мрежа јавно ги повикува надлежните институции да дадат прецизен и јавен одговор по кој основ се бара повратот на овие средства.

НЗМ нагласува дека земјоделците заслужуваат да ја знаат вистината за ваквата одлука, особено што станува збор за законски остварено право на субвенционирање.
НЗМ го користи правото согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и очекува брза реакција од министерството и агенцијата со цел да се расчисти овој случај и да се заштитат интересите на тутунопроизводителите”, стои во соопштението на НЗМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e