На чекор до цензус: Излезноста до 17ч е 38,25%

На час и половина пред затворањето на избирачките места ширум државата претседателските избори се на чекор до потребниот цензус.

Како што соопшти ДИК до 17ч излезноста во целата држава е 38,25%, односно гласале 687 683 гласачи од вкупно 1 808 131 запишани во единствениот избирачки список.

Изборниот процес се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, соопштија на последна прес конференција од ДИК.

Во општина Крива Паланка до 17ч своето право на глас го искористиле 61,28%, додека во општина Ранковце 58,57%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e