(Обновено) МВР потврди: Авионот се урнал кај Кожле, загинати четири италијански и два косовски државјани

Авионот што исчезна попладнево се урнал кај велешкото село Кожле, каде што се најдени остатоци од леталото.  Локацијата на уривањето ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.

Според неофицијални информации косовските државјани биле двајца браќа со презиме Бегај кои биле инвеститори.

Целта на патувањето била иницијативата на двајцата браќа инвеститори од Косово да отворат авио клуб во Исток.

Покрај браќата Бегај од Косово, како што пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на извори од Италија, во несреќата настрадале и пилотот Франческо Монтагниери, потоа Дарио Бастасин, Лука Дале, како и италијанска државјанка со име Иларија.

Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e