Могерини до невладиниот сектор: Сакам да ве ислушам знаејќи дека минувате низ тешки времиња кои се витални за вас

Моето доаѓање овде почнува со оваа средба затоа што сакам да ве ислушам знаејќи дека минувате низ тешки времиња кои се витални за вас. Со оваа речиница денеска во седиштето на ЕУ во Скопје им се обрати шефицата на европската дипломатија, Фредерика Могерини на претставниците на невладиниот сектор во земјава.

Според набиената агенда, Могерини во 15 часоте на средба со пратеничките групи во македонското собрание, во 16 часот ќе се сретне со Ѓорѓе Иванов, додека во 16.45 часот ќе одржи говор пред студенти во Македонската опера и балет.

При крајот на нејзината посета, Могерини денеска во 16.45 во седиштето на ЕУ во Скопје ќе даде изјава за медиумите.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e