МНР: Да се избегнуваат патувања кои не се неопходни во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии

Следствено на информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.

Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса [email protected] ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса [email protected] ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e