Млад Македонец ранет во Србија: Му пукале во грб

Двајца млади момчиња се ранети во престрелката што се случи вчерa вечер во Улица „Максим Горки“ во Врачар.

А.П.(29) во 19 часот и 40 минути на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки бил застрелан во пределот на десната надколеница.

Ранетиот А.П во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва. Во сила е налог за издржување затворска казна.

Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин Д.Л. (21). Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.

Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки.

По пукањето побегнал кон Чубурски парк.

Во моментот на пукањето паркот бил полн со деца и кога се слушнале истрелите сите се исплашиле, а потоа некој сугерирал дека најверојатно се петарди и играта продолжила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e