МИОА: Граѓаните најмногу сакаат да знаат: кои е-услуги се достапни во моментов

Од лансирањето на порталот за е-услуги, порталот го посетиле над 15.000 посетители, и има над 110.000 прегледи, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

„Фејсбук страница има над 6.000 следбеници, а објавите само оваа недела имаат опсег (reach) од над 240.000. Во моментов регистрирани се 1.874 корисници и таа бројка постојано расте“, велат од ресорното министерство.

Националниот портал за е-услуги, како што велат од министерството е електронска платформа, преку која на граѓаните на им се овозможува од едно место да користат електронски услуги од надлежните органи.

„Наша основна цел е порталот да биде единствената врска на граѓаните со институциите. Затоа направивме да биде пристапен преку било кој мобилен
или десктоп уред приклучен на интернет. Порталот е достапен и на албански и на англиски јазик, а објавените услуги се однесуваат покрај на македонските,
исто така и на странските државјани. Порталот се состои од јавен и приватен дел. Тоа што е важно за граѓаните е дека јавниот дел е достапен за сите, без потреба од било каква најава или идентификација. Тука можат да се најдат податоци за услугите кои ги обезбедуваат надлежните органи. Приватниот дел е достапен само за регистрирани и идентификувани корисници на Системот за единствена најава. По најавата, граѓаните ќе имаа можност да поднесуваат барања во електронска форма за добивање на е-услуга, да плаќаат за надоместокот и административната такса за е-услуги, да добиваат одговор на барањето и најважно да добиваат електронски услуги“, додаваат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Од таму соопштуваат дека сите граѓани кои имаат активна корисничка сметка во УЈП, веќе имаат активен eID профил, односно можат да се најават на профилот, користејќи ги корисничкото име и лозинката од УЈП. За нив услугите од порталот се веќе достапни.

Според податоците кои министерството ги поседува, посетителите се во фаза на испитување на порталот.

„Граѓаните најмногу сакаат да знаат: кои е-услуги се достапни во моментов, што е eID и како да направат корисничка сметка, а се заинтересирани за издавање на историјат на работни односи, издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци, издавање на пасош, издавање извод од матична книга на родени, објавување на неважечка лична карта итн“, додаваат од министерството.

И.Р.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e