Министерството за здравство ги почна процедурите за јавна набавка на инсулин

Од Министерството за здравство информираат дека денеска ја почнале постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, за периодот септември 2018 – септември 2020 година.

„Постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и населението во Република Македонија, кое директно или индиректно ги користат именуваните медицински препрати, уреди и потрошни материјали“, се наведува во соопштението.

Како што велат од Министерството, пред да биде распишана јавната набавка, ги контактирале граѓанските здруженија, кои дале свои мислења за воведување новитети.

„Првпат по шест години во Република Македонија се очекуваат нови лекови за дијабетес, како што се инсулини и ампуларна терапија. Во целиот процес беше вклучена и Националната комисија за дијабетес. Заинтересираните економски оператори потребно е да внимаваат во подготовка на тендерската документација, посебно во делот на поднесување сертификати за квалитет на готов лек и одобрение за ставање лек во промет, наведени во техничките спецификации од тендерската документација“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e