Министерството за одбрана ја започна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце

Со оглед на обидот на Градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност ниту од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации.

Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28.09, Владата ги задолжи Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана. Постапката е веќе започната и е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e