Министерот Николовски во Берлин ќе учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство 2023, во рамки на меѓународниот саем Зелена Недела

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од 19 до 21 јануари 2023 година заедно со делегација на министерството ќе биде во работна посета на Берлин, каде ќе учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство 2023, која се одржува во рамки на меѓународниот саем за земјоделство Зелена Недела.

Свое обраќање на министерската конференција ќе има министерот Николовски, а на конференцијата од страна на министрите за земјоделство ќе биде усвоен и финалниот текст на заедничкото коминике.

Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари средба и со Мартиен Ван Њукуп, глобален директор за земјоделство и храна на Светска Банка, а ќе учествува и на состанокот на SWG-RRD каде учествуваат министрите за земјоделство на земјите од Западен Балкан.

Министерот Николовски во чест на христијанскиот празник Водици ќе присуствува на празнична богослужба во македонската црква Свети Климент Охридски во Берлин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e