„Мини лето“ ќе имаме на почетокот на октомври – Какво време ќе имаме оваа есен?

Метео анализа на Славчо Попоски:

Сe она што можам во моментов да го кажам за месец Октовмри, е тоа дека судејќи според моменталните излези на најажурниот прогностички модел „Европскиот Центар за Среднорочна проноза” (ECMWF), може да се надеваме на мини лето и на потопло и постабилно време во првата половина од месец Октовмри, додека втората половина од истиот месец ни носи повеќе врнежи, како и пониски температури.

Температурите во првата половина од месец Октомври би биле малку натпросечно високи и речиси насекаде преку ден би се искачувале над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би се искачиле и до 30 степени. Сепак поради тоа што денот е се пократок, а ноќите се се подолги, утрата ќе ни бидат доста посвежи, па се повеќе ќе се појавува и влажноста во воздухот.

Мора да напоменам дека, со оглед на тоа дека се работи за доста подолгорочна анализа на времето, голема е веројатноста да има промени во истата, но за какви промени ќе станува збор останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, како и развојот на временските услови кај нас, како и пошироко на Балканот, па и низ целиот Европски Континент. Затоа многу подобро би било граѓаните да се базираат на моите краткорочни метео анализи, кои секојдневно ги објавувам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e