Страшна семејна трагедија ја потресе италијанската Пјаченца, каде 55-годишната Македонка Милена Витанова била пронајдена мртва во својот дом со повеќе убодни рани.
Според италијанските медиуми, нејзиниот сопруг Хако Витанов телефонски признал дека ја убил, по што избегал од местото на злосторството. Полицијата подоцна го пронашла кај гробот на нивниот починат син Методиј и го привела.
Во станот бил пронајден нож за кој се сомнева дека е употребен во убиството. Истрагата продолжува за утврдување на мотивите и околностите на трагедијата.
Децата на семејството во моментот на нападот не биле во домот и се на безбедно место.
