Микиќ: Пикот на епидемијата ќе биде кон крајот на април, можеме да ја намалиме бројката

Пикот на епидемијата на коронавирус во Македонија ќе биде кон крајот на април но доколку се следат и почитуваат мерките кои надлежните ги спроведуваат бројката би се намалила, тврди епидемиологот д-р Микиќ од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во интервју за „Топ Тема“.

„Пикот во овој момент е сеуште рано да се каже кога точно ќе биде но очекуваме дека треба да го достигнеме кон крајот на април. Ако се применат ригорозни мерки и сите ние ги почитуваме бројката нема да биде голема и може да ја намалилме кривата“, рече д-р Микиќ.

Тој објасни дека светски искуства покажуваат дека пет отсто од примените ациент ќе бидат во тешка состојба и мора да бидат приклучени на респиратори.

„ Пет отсто од примените пациенти се очекува да бидат во тешка состојба. Тоа значи дека ако примиме 1.000 пациенти, 50 ќе треба да бидат приклучени на репиратори. Затоа мора да се придрѓуваме до мерките.Да немаме во наредните неколку недели илјадници случаи“, вели епиодемиологот д-р Микиќ.

Тој појасни дека пикот епидемиолошки се брои во број на заболени случаи а оптовареноста на здравствениот систем во тешки случаи кои мора да бидат приклучени на респиратори. Едната бројка е поврзана со другата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e