Мицкоски и Заев ќе се слушнат телефонски, а потоа ќе го соопштат името за министер во МВР

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека на средбата со премиерот Зоран Заев разговарале за техничкиот министер за внатрешни работи.

Се договориле премиерот да направи проверки, па тогаш ќе го соопштат, откако ќе се слушнат телефонски.

Во понеделник повторно ќе разговараат и за другите министри и заменици, по што јавноста ќе ги дознае.

Иако член на неговата партија го соопшти името Драган Ковачки, Мицкоски рече дека ќе почека, па по разговорот со Заев ќе соопшти.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e