Мицкоски: Новата иднина која ќе ја донесеме е сонот на нашата генерација

Место преполно со историја, со анегдоти и приказни од кои здивот се заледува, колевката на многу бури, премрежја, падови и воздигнувања, но и град на културата, уметноста, на спортот, на маалата, ретките калдрми кои ни преостанаа, на убави и честити луѓе. Не залудно последниот ден од нашата кампања е овде во Штип, затоа што Штип бил круната на многу промени кои се случувале во историјата, а така ќе биде и денес.

Со овие зборови, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им се обрати на штипјани, на централниот митинг на партијата.

-Ние не завршуваме во Штип, туку ова е почеток, означување на почетокот во нашата битка за промени и создавање на нова иднина, во битката за вредностите во кои веруваме и за кои се обврзуваме. Таа наша верба не прави мотивирани да истраеме низ сите предизвици, да се креваме одново и одново. Затоа стојам овде пред вас Штипјани, но го носам во исто време гласот на луѓето од Охрид, на маката на земјоделците од Пелагонија, на тутунарите од Прилеп, оризарите од Кочани, на граѓаните на Скопје кои велат мора да се стави крај на сообраќајниот метеж и загадениот воздух, револтот на кумановчани. Го носам и гласот на тетовчани кои ја бараат вистината за трагедијата во болницата, Велешани кои копнеат за промени, на Малешевијата кои бараат да се вратат младите, на југот кој моли за помош во економијата. Го носам гласот на секоја една слободна индивидуа, која верува во нас, која бара своја шанса, која има надеж. Тоа е гласот на Македонија која вика, Македонија која бара промени и Македонија која верува во иднина. После 19 дена кампања, сите овие луѓе, млади, стари, мажи и жени, христијани, муслимани, атеисти, работници, земјоделци, лекари, професори, уметници, сите вие сакам да знаете една работа. За помалку од два дена победуваме. ВМРО-ДПМНЕ победува на 17-ти октомври, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e