Мицкоски има една маана – лаже, тоа го тврди и Европскиот Парламент

„Мицкоски има една маана, тој лаже. И тоа не го тврдам јас. Пред четири години во извештај на Европскиот Парламент е констатирано со име и презиме дека Христијан Мицкоски е извор на дезинформации и лажни вести“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Гевгелија одговарајќи на прашања од присутните.

Тој додаде дека Мицкоски разбира што сака да каже тој, но има потреба да лаже, што се потврдува и со извештајот на Европскиот парламент.

Одговарајќи на прашањата од публиката, Пендаровски рече дека е опасен авантуризам да се заговара поништување на Договорот од Преспа, бидејќи тоа ќе значи и исклучување од НАТО.

„Тоа е опасен авантуризам. 30 години, сите политички гарнитури се обидуваа да влеземе во НАТО, за да добиеме тапија за нашата безбедност, за век и веков. Поништување на Преспа е најголема политичка глупост и трагедија, бидејќи ќе останеме потполно сами“ рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e