Мицкоски: Ако референдумот биде успешен ќе го почитуваме тоа

Ако референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна и ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува. Ова го изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски на дебатната емисија на ТВ 21, запрашан дали ако референдумот биде успешен ќе им каже на пратениците од партијата да ги поддржат уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Во однос на референдумот тој го повтори партискиот став дека секој треба самостојно да одлучи, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција во ЕУ и НАТО, но е против Договорот за името со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e