Мицкоски: Ако Груевски се појави во Македонија, ќе биде упатен на отслужување на казната

Поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија, доколку биде екстрадиран во Македонија, ќе оди во затвор бидејќи за него има правосилна пресуда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Немам никави очекувања, но доколку се појави во Македонија, има правосилна пресуда и веднаш откако ќе се појави, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада којашто мора да ги почитува законите и институциите во државата. Секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања, изјави Мицкоски.

Екстрадицијата на Груевски се актуелизира откако на изборите во Унгарија победи Петер Маѓар кој најави дека Унгарија нема да биде засолниште на поранешни меѓународни криминалци.

Груевски избега во Унгарија откако беа поднесени обвиненија против него за неколку случаи како „Титаник“, „Плацевите на Водно“; „Талир 1“ и Талир 2“. Затворската казна за случајот „Тенк“ застаре во октомври 2024 година. Последен пат за него беше побара екстрадиција во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e