Меџити: Помеѓу Груевски и Заев повторно би го бирал Заев, храбар лидер

Претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити, вечерва гостувајќи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече да треба да избира меѓу Никола Груевски и Зоран Заев, би го избрал Заев.

Според него, Заев е храбар лидер, кој донел храбри одлуки за напредок на државата.

Одговарајќи на прозивките на Блерим Беџети за “огнената група” и улогата на Меџити, тој рече дека во 2016 имало две групи во ДУИ.

Едната била да се продолжи со Груевски на која припаѓал и Беџети, а другата, која ја предводел Меџити била да се прави влада со Зоран Заев.

„Тоа било правата одлука затоа што така како држава отидовме напред, влеговме и во НАТО. Помеѓу Груевски и Заев, повторно би го бирал Заев”, рече Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e