Медицински техничар од Шведска им помага на здравствените работници во Инфективната клиника

Медицинскиот техничар од Шведска Ханс Јорген Михаел Селберг, кој пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита ќе им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид-19.

Од Инфективната клиника информираат дека Јорген одлично се вклопил во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренесе своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнаа да се вклучи во работните процеси.

-Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина, изјавуваат од клиниката.

Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
HansПреку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со Ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за Минстерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e