Матеничарски: Берово заслужува квалитетен живот!

Прес конференција
Јован Матеничарски, претседател на ОО СДСМ Берово
25.02.2017

Почитувани граѓани,

Градоначалникот Драги Наџински и советниците од ВМРО-ДПМНЕ `не задолжија со кредит од 24.000.000 денари за градење улици во Берово, но сите ја гледаме грдата слика во градот. Додека кредитот го враќаме, улиците се распаѓаат.

Незиградена е улицата Паруца каде се наоѓа комлпексот згради во Берово, каде што луѓето не можат ни да паркираат поради неуредениот паркинг. Но затоа градоначалникот си ги асфалтираше влезот пред дворот на својата куќа и гаражата.

Ова е вистинскиот пример какви неодговорни луѓе ја водат нашата општина, кои се грижат само за своите интереси, а за тоа товарат долгови врз граѓаните.

Неселените места Двориште и Ратево немаат без вода за пиење. Мачево е без асфалт и канализација. Берово, познато по својот чист воздух, што го привлекува вниманието на се поголем број туристи во горните делови, токму кај Беровско езеро е без вода и канализација.

Затоа граѓаните избраа промени на предвремените парламентарни избори, бидејки сакаат квалитетен живот и совесни луѓе што ќе се грижат за нивните потреби. Доаѓаат промени и на локално ниво. Граѓаните на Берово заслужуваат квалитетен живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e