Масовна партизација на институциите беше одлика на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ

Непотизам и партизација на институциите се одлика на криминалната ВМРО-ДПМНЕ која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите. – велат од СДСМ во најновото соопштение. 

Таквиот однос кон државните институции и администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни . Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секоја има еднакви можности за работа.

Државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред , дека невработеноста се намалува, платите растат, а  економијата се движи во вистинска насока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e