Во Собранието, во салата Борис Трајковски, се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, каде што спикерот Африм Гаши и други пратеници оддржаа молитва, со што го прекршија принципот на секуларност.
Покрај бројните реакции, се огласи и поранешниот пратеник на СДСМ од Куманово, од претходниот собраниски состав – Мартин Костовски
„Како православен христијанин ги почитувам сите вери и религии, но интересно е што во времето кога Дпмне како „демохристијани” се апсолутна власт, Собранието се претвара во џамија. Што беше тоа секуларна држава !?“, реагира Костовски.
Гаши иницираше религиски обред – молитва во Собранието и не го испочитува уставното нечело дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.