Маричиќ: СДСМ настапува пред целата јавност со чист образ и со резултати, ВМРО-ДПМНЕ сака државата да застане

Владата и СДСМ секогаш, и во изминатата тешка година и половина, кога се соочивме со пандемија, остана со граѓаните и на страната на граѓаните, секогаш се бориме со граѓаните и за граѓаните да ги совладаме сите пречки, истакна на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

Тој нагласи дека СДСМ настапува пред целата јавност со чист образ и со резултати, а тоа е клучната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ знаат само за блокади, сакаат државата да застане.

Граѓаните го препознаа тоа и ни ја дадоа поддршката на сите избори досега, тоа е голема одговорност, но ние не бегаме од одговорноста, СДСМ е сигурната опција за граѓаните, опција која нуди решенија истакна Маричиќ.

Во 2017 презедовме држава изолирана, згазена и опљачкана, посочи Маричиќ, а четири години подоцна сме членка на НАТО, минимална плата е поголема за 60%, просечна плата е блиску до 500 евра.

Дали пред четири години важеше законот еднакво за сите, дали живееме во праведна држава, не, во тоа време живееме во заробена држава, во режим, во ситуација во која половина од граѓаните не ги чувствуваа институциите за свои, а сега и локалните и централните институции се отворени подеднакво за секого и тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го прости, нагласи Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e