Манчевски: Ние покажуваме и докажуваме дека системот функционира

„Ние покажуваме и докажуваме дека системот функционира. Ако порано беше непоимливо Обвинителството да поднесе какво било обвинение против кој било функционер на владејачка партија, денеска тоа е сосема нормална работа,“, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во врска со случајот „Рекет“, во кој е осомничена потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

Манчевски на трибината „На прав пат“ што вчера се одржа во Кочани, истакна дека најпрво треба да се добие обвинение, за потоа да се превземат внатрепартиски постапки.

„Ако порано Државната комисија за спречување на корупција „не постоеше“, денеска таа ја гони власта за она што не го прави како што треба. Ако Марко Зврлевски поднесеше барем една кривична пријава против поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ денеска можеби ќе бевме и во Европската Унија“, потенцираше Манчевски, кој смета дека законите треба да важат подеднакво за сите граѓани, особено во борбата против корупцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e