Макрадули: За прв пат во Буџетот е воведен фонд за справување со аерозагадувањето

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во вечерашното гостување во „Топ тема“ на темата загадување, порача дека нема да бара алиби, но сепак, податоците за енормното загадување од деновиве се по други стандарди.

-Нема да се согласам дека нема стратегија. Ќе ја цитирам Европската комисија која потврди дека за прв пат годинава, во 2019-та година во Буџетот е воведен фонд за справување со аерозагадувањето. Овој фонд е воведен по примерот на низа европски земји. – рече Макрадули.
-Продолжуваме со целиот сет на мерки што е јавно објавен и веруваме дека резултатите секоја година ќе бидат се повеќе и повеќе видливи. Отпочнавме многу сериозни проекти за инвестирање во замена на системите за греење и ќе продолжиме во тој правец. Следуваат директни вложувања во јавниот превоз и директни контроли на индустријата, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања до каде е реализацијата на планот за заштита од аерозагадување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e