Македонија в среда ќе го потпише Протоколот за НАТО

Mакедонија официјално ќе го потпише пристапниот Протокол за влез во НАТО в среда на 6 ти февруари, јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел цитирајќи извори од НАТО. На официјалната свеченост Протоколот ќе го потпише министерот за надворешни работи Никола Димитров, а земјите членки на алијансата ќе бидат претставувани од нивните амбасадори во НАТО.

Текстот за Протоколот е усвоен во таканаречената тивка процедура во понеделникот, а после церемонијата на потпишување која ќе се одржи в среда, документот ќе треба да се ратификува од секоја земја членка посебно.

Според досегашната пракса, процедурата на ратификација трае од 12 до 14 месеци. На крајот, според традицијата, македонската власт ќе треба да поднесе „инструмент за пристапување“ во Вашингтон и од тој момент ќе се смета дека е полноправна членка на НАТО. Според очекувањата за временската рамка е дека земјава ќе стане полноправна членка догодина.

Во меѓувреме Македонија има право да учествува на сите состаноци на сите нивоа на алијансата ни нема да има право на глас се додека не стане полноправна членка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e