Лукаревска: Со новото задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот од 60%

ВМРО-ДПМНЕ како опозиција постојано зборуваше дека имаме голем долг а сега со ова ново задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот, далеку над дозволениот процент од 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Аргумент + на 24 Телевизија.

СДСМ јасно и транспарентно пред јавноста ги објасни забелешките за коруптивниот Закон за задолжување од Унгарија, но власта го турка по секоја цена, додаде таа.

-Прво се носи во скратена постапка што значи дека нешто сака да се сокрие. Наместо преку пат на дебата, не само да дебатираат власта и опозицијата туку да биде поканета и експертската јавност. Понатаму се зема кредит од Влада а не од финансиска институција. Овој закон ние го слушавме уште кога ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, што е спорно само по себе. Самиот Закон има повеќе недоречености и неодговорени прашања. Нема јасно дефинирана намена, нема да може да се следи трошењето на парите. Се криеше и потеклото на парите. Пред извесно време Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела 1 милијарда евра кинески пари, рече Лукаревска.

Ако зборуваме од политички аспект, премиерот Мицкоски пред само неколку дена излезе и рече дека има 10 принципи и подава рака на опозицијата, но еве не се подаде рака, напротив, се направи спротивното, додаде таа и сите предлози на опозицијата се одбиваат.

-И за време на ребалансот на Буџетот власта не прифати ниту еден амандман од опозицијата. Прашање е зошто откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт ништо не е во редовна процедура? Имаат двојни аршини. Една комисија се закажува а друга комисија, за закон поднесен од пратеник на СДСМ, не е закажана од претседателот на Собранието Африм Гаши, потенцираше пратеничката Сања Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e