Листа на должници на УЈП: Бајруш, 1ТВ, ФК Вардар…

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.12/2019 за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2019 објавени се 2006 должници – правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 2527 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2019 изнесува 10.039.498.849 денари, помалку за 90.217.232 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.879.654.735 денари (помалку за 90.290.624 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 159.844.114 денари (повеќе за 73.392 денари од претходната листа).

На врвот на листата се ТЕ-ТО АД Скопје и поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот Анхел Кастиљо.

Кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу должи 112 милиони денари, „Бујото инженеринг“ должи 17,2 милиони денари, „Хисар туризам“ должи 9,8 милиони денари, струшкиот бизнисмен Георги Миладинов должи 8 милиони денари, „1 ТВ“ должи 4,2 милиони денари, ФК „Вардар“ должи 23 милиони денари, „Урбан инвест“ должи 34 милиони денари…

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e