Левица: Планот за прогресивно даночење ги покажува неговите регресивни карактеристики

„Помпезно најавуваниот план за „прогресивно“ даночење – како што милуваа да го нарекуваат социјал-демократите, а посебно нивните гласноговорници Бранимир Јовановиќ и Драган Тевдовски – во полето на економијата се повеќе ги покажува неговите регресивни карактеристики. Овој план беше претставен како пофер даночен систем што треба да спроведе некаква минимална прераспределба од екстремно богатите кон сиромашните слоеви кои не располагаат со ништо друго, освен со својата работна сила“, соопштуваат денеска од Левица.

Ваквата реформа, споед партијата, е само една обична „збирштина на мерки“ со кои најголемиот дел од парите во буџетот ќе се собираат од граѓаните кои имаат најмалку, за да потоа власта преку тендерите ги префрли во бизнис-секторот на фирми блиски до неа.

„Дополнително тука се и трошоците со кои Република Македонија, како наредна членка на НАТО, ќе биде соочена, а кои владата на социјал-демократите очигледно планира да ги покрие со парите собрани од џебот на безимотните класи – токму преку најавеното „одложување“ на зголемувањето на данокот на капиталните добивки, за кое нема ниту една добра причина да веруваме дека нема да биде трајно“, велат од партија.

Не само што досегашните дивиденди и камати на богатите нема да бидат дополнително оданочени, продолжува во соопштението, туку ваквото пролонгирање на повисокото даночење на капиталните добивки остава можност за сопствениците на капитал легално да го избегнат најавеното 18% даночење на приходите над 1500 евра.

„Тие сега ќе можат да ги повлечат своите милиони во форма на ниско-оданочени дивиденди, наместо во форма на високо-оданочени плати. Трошоците на државата ќе бидат подмирени од страна на работното население кое живее скромно од чесно заработената плата и кое нема капитал, не добива дивиденди, ниту не му се исплаќаат камати како што им се исплаќаат на 300 илјади евра на Нина Групер и 3,8 милиони евра на Кочо Анѓушев кои ги поседуваат во банкарски депозити“, посочуваат меѓудругото оттаму.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e