Лахор и Делхи пред Скопје според загадување

Скопје и денес е еден од најзагадените градови во светот. Главниот град утринава беше третиот најзагаден град во светот и прв во Европа.

Просечната концентрација на опасните ПМ10 честички на кубен метар во 8 часот наутро во Скопје беше 166, со што нашиот главен град се најде на третото место со најзагадени градови во светот, веднаш зад пакистански Лахор (316) и индиски Делхи (330).

Исто така, исклучително високи концентрации на ПМ10 честичките утринава се забележани и во Тетово (181), Куманово (168) и Битола (114).

Владата најави иницијатива каде ќе бидат вклучени сите инспекциски органи, полицијата и сите други служби за да го монитирорираат јавниот простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e