Крива Паланка со најголема излезност во утринските часови – високи речиси 15%

„На избирачките места веќе четири часа се гласа, сѐ тече мирно и без неправилности“, велат од ДИК. Гласањето на сите гласачки места непречено се одвива и на територијата на општина Крива Паланка каде излезноста како и во првиот круг, така и сега за сега, во вториот круг од претседателските избори е на високо ниво.

До 10ч во Крива Паланка гласале 2.526 гласачи од вкупно запишани 16.956 на избирачкиот список или излезноста во првите три часа е високи речиси 15%.

Во општина Ранковце излезноста до 10ч е 12,66% односно од вкупно запишани 2.974 изборачи утрово своето право на глас го искористиле 367 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e