Кристина Николовска наградена за главна женска улога

Младата актерка Кристина Николовска од Демир Капија беше наградена за главна женска улога на театарски фестивал во српскиот град Уб, кој се одржа изминативе неколку дена. Претходно, таа претходно беше прогласена и за актер на вечерта, во рамки на фестивалот.

Според неа, станува збор за манифестација на која учествуваат аматерски театри од бившите југословенски републики, кои претходно имале најдобри и наградени претстави во своите матични земји. Една од двете награди за најдобро женско актерско остварување, ја доби за  улогата на Ева во претставата „Умри машки” од Алдо Николај,  во режија на Томе Атанасов, која е дел од театарот при Домот на културата „Мирка Гинова” од Демир Капија.

„Во Кочани, оваа година на ДАФ, драмскиот аматерски фестивал, бев наградена за главна женска улога, па по тој повод бевме поканети на 12 издание на српскиот фестивал. Имаше стручно жири и жири од публиката“, рече Николовска.

Николовска се наградува поради леснотијата во сценскиот израз, чувство за комичност на карактер, но и чувство за мерка. Сето тоа, се додава, укажува на надарена глумица, со значајни потенцијали.

Кристина Николовска има 25 години и деновиве ги завршила студиите по медицина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e