Ковачевски: Корупцијата е најкрупниот проблем кој останува да биде решен

Најголемиот крупен проблем кој што останува да биде решен е борбата со корупцијата и унапредување на владење на правото. Основната работа при борбата со корупцијата е непречено и независно функционирање на институциите, како и интегритетот и професионалноста на оние кои што ги водат институциите и политичка волја за борбата против корупција на биде на највисоко ниво, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Премиерот истакна дека во изминатите 10 месеци не бранел никого доколку се испоставело дека имало одредени сомнежи за работењето на одреден функционер.

-Борбата е борба на цело општество. Мислам на сите нивоа на власта. Доколку ги погледнеме извештаите на меѓународните институции, Северна Македонија има напредок и тој е евидентен. Борбата против корупцијата е високо на мојата агенда. Јас потврдив дека кај мене нема момент на селективност или јас да се ставам во позиција да навлегувам во надлежности на институции кои не се дел од раководењето на Владата, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e