Ковачевски: Барањето за укинување на техничката Влада е потврда за демократскиот напредок на општеството

Барањето за укинување на техничката Влада е потврда дека во моментов имаме комплетно демократизирани институции, демократски напредок на општеството, слободни медиуми и слободни граѓани, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Националната телевизија.

Ковачевски посочи дека техничката Влада беше воведена затоа што институциите тогаш беа партизирани и злоупотребувани во изборни цели.

„Со барањето за укинување на техничката Влада, нема поголема потврда дека денеска имаме демократиизрано општество и слободни медиуми. Во однос на самото укинување техничката Влада, таа одлука е донесена преку договор на четирите најголеми партии и тоа е единствениот начин таа да биде и укината. Низ еден процес на разговор помеѓу политички партии кои ја донесоа одлуката за техничка Влада, треба да се разговара и за нејзиното укинување. Видовме дека коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците има различно мислење од ВМРО-ДПМНЕ и затоа треба да се седне на маса да се разговара, да се види предлогот и да се донесе заедничко решение за начинот на укинување на техничката влада. Тоа е одговорен пристап“ истакна претседателот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e