Ковачев: Мицкоски лаже и ја руши европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја руши европската иднина на македонските граѓани, изјави за БГНЕС европратеникот Андреј Ковачев.

Повод за ваквиот коментар е хистеричната изјава на Мицкоски на денешниот протест дека во Софија викендов ја распарчуваат Македонија, пренесува БГНЕС.

„Христијан Мицкоски лаже. Тој манипулира и секој негов збор е лага. Мицкоски се обидува да добие некакви почитички поени со измислиците што ги кажува. Тврди дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија и ги плаши граѓаните, а тоа е апсолутна лага, измислица и глупост, категоричен е Ковачев.

Ковачев потсети дека во 2001 година Бугарија застана цвсто зад Македонија и ги поддржа нејзините територијална целост и суверенитет.

„Бугарија е една од првите земји кои го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО, за да биде Македонија геостратешки и политички заштитена. Бугарија секогаш подавала, подава и ќе подава рака за братска помош на своите најблиски, рече европратеникот Ковачев за БГНЕС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e