Котевски поднесе оставка, извештајот за истрагата во понеделник

Директорот на затворот „Скопје“  Ѓоко Котевски си поднесе оставка од функција по прозивката на Премиерот Заев за одговорноста за вчерашниот инцидент во кој беа нападнати поранешните министри Јанакиески и Ристовски. Оставката ќе биде депонирана во понедленик кога ќе биде доставен целиот извештај од истрагата.

Детали од истрагата не се соопштуваат. Котевски останува на ставот дека инцидентот бил вербално предизвикан од Ристовски и Јанакиевски, по што биле физички нападнати. Денеска тие биле во добра состојба и префрлени се во т.н Хашки дел. Засилено е и полициското обезбедување.

Имињата на напаѓачите не се соопштуваат, само нивните иницијали кои се совпаѓаат со фејзбук статусот на Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева, еден од лидерите на кумановската група во Диво Насеље. Тој упати отворени закани кон поранешните функционери дека нема да се престане со битката за одмазда.

Ниту еден Албанец не се освети за нас до денесе и затоа ние смаи ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот. Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес, напиша Красниќи.

Јанакиески и Ристовски биле посетени и од судија од Кривичниот суд при што било констатирано дека состојбата во затворот е мирна, повредените ја земале редовно медицинската терапија а на установата и е наредено да преземат мерки за расчистување на случајот како и ревизија на распоредите за прошетки на свеж воздух, со што во иднина нема да им се овозможи да се сретнуваат во исто време во дворот со учесниците во инцидентот.

Осуда и одговорност побара и Премиерот Заев.

Министерката за правда Рената Дескоска бара во целиот случај да се вклучи и Народниот правобранител.

Инциднетот се случи вчера доцна попладнето, на првиот ден од притоворот на двајцата поранешни министри кои се осомничени за настаните од 27 април. Јанакиески заврши во Градската болница 8 септември, додека Ристовски беше прегледан од затворскиот лекар.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e