Костадинова во Гевгелија: СДСМ вложува во квалитетно и продуктивно образование и детска заштита

СДСМ сигурно чекори кон напредокот, кон иднината на своите граѓани, кон иднината на својата држава, тоа е препознаено од граѓаните, затоа ни ја даваат довербата, затоа и на овие локални избори сме убедливи фаворити, истакна на трибината во Гевгелија под мотото „Најдоброто за нашата општина“, пратеничката на СДСМ Марија Костадинова.

Таа нагласи дека во овие четири години постигнавме многу во сите области, особено во детската заштита и образованието.

Денес нашите најмали ги имаат сите услови за правилен воспитно-образовен, социјален и културен развој во детските градинки ширум државата, а и во нашата општина, истакна Костадинова.

Новините кои ги бара новиот начин на живеење, СДСМ настојува да ги имплементира во квалитетно и продуктивно образование, рече Костадинова додавајќи дека е незамисливо во ерата на технологијата, да се оградуваме од придобивките кои ги нуди дигитализацијата во образованието.

СДСМ е во од со модерните текови на воспитно-образовниот развој на својата иднина, реформите во образованието нудат критичкото размислување, изведување заклучоци, можни решенија и решавање на проблемски ситуации на брз и логичен начин, порача Костадинова.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се противи на овие реформи, оваа партија е против наставниците во основното и средното образование да добијат трајно вработување на неопределено време, против е учениците да учат на современ, дигитален начин како нивните врсници во Европа и затоа нека не се чудат што се поразувани од граѓаните, тие со вакво однесување уште долго ќе бидат во опозиција.

СДСМ со своите политики покажа дека го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата, порача пратеничката на СДСМ Марија Костадинова на трибината во Гевгелија под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e