Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија на криминалците, Иванов не смее да ги помилува осудените за 27 април

Медиуми: На барањата на осудениците од 27 април за помилување доставени до претседателот Иванов, како партијата гледа на оваа можност?

Апсолутно за нас како политичка партија е неприфатливо помилување за луѓе коишто се осудени веќе и има правосилни преуди за нарушување на уставниот поредок. Секако, и согласно закон Ѓорге Иванов не може да ги помилува без претходна постапка во Министерството за правда добро знаеме дека при распишани избори во изборна кампања не може истата постапка да тече.

Медиуми: Вчера премиерот најави нов обид за преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за законот за обвинителство, изготвена е нова верзија имаа ли денеска средба особено затоа што од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новата верзија всушност е и стара верзија немало ништо од нивните барања?

Како одговорна партија, како одговорни политичари секогаш даваме и ќе даваме шанса на дијалогот се со цел постигнување на консензус околу така крупни и важни закони за државата особено за воспоставувањето на правната држава, нормално е кога се разговара за одредени такви ситуации да имаме во предвид дека тоа не смее да оди на штета на самата правна држава. Токму тоа го бара и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е амнестија на криминалците и на целиот криминал коишто го направија во нивното 11 годишно владеење. Ќе повторам, како одговорна и државотворна партија која има за цел да ја интегрира државата во ЕУ и НАТО нема да дозволиме таков чин од страна на криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ, а со насоки од Будимпешта директно од Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e