Костадинов до Димовски: Врв на лицемерие – да патуваш како дел од официјална делегација на Северна Македонија, а да не го признаваш името

Портпаролот и пратеник од СДСМ Костадин Костадинов, во вечерашното гостување во дебатната емисија “ТОП ТЕМА” на Телма му порача на соговорникот Илија Димовски дека ВМРО-ДПМНЕ имале доволно време да се приклучат кон Преспанскиот договор, да се приклучат во целиот процес на интеграција на државата, но наместо тоа тие избрале опструкција, деструкција, сè на штета на државата.

“Тоа го гледавме и преку примерот на поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, која еклатантно го прекрши Уставот и нанесе сериозни штети во однос на интеграцијата на нашата држава, како и преку примерот на Наќе Чулев кој наводоно ги става знамињата за да го прекрие нашето уставно име.” – рече Костадинов.

“Ама Илија Димовски нема никаков проблем да патува како делегација на парламентарното собрание за НАТО, е тогаш може да патуваме како Република Северна Македонија! Тоа е тоа лицемерие!” – додаде пратеникот од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e