Коневски поднесе тужба за клевета против Стоилковски

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски денеска поднесе тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски.
Tuzba Naum Stoilkovski (1)„Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф.

Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз“, истакна Коневски.

-Тој, со ваквото однесување, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори, посочи Коневски.

„Јас сум сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата“, потенцираше Коневски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e