Конечно летни температури на Балканот и во Македонија

Метео анализа на Славчо Попоски:

Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени. Значително повисоки температури и потопло време ќе имаме и во утринските часови и повеќе нема да имаме појава на утрински мразеви и на слана.

Инаку целиот Балкан до крајот на оваа седмица очекувам да има значително високи температури на воздухот и летни температури.

Ова значи дека конечно во следните денови ќе подпаднеме под првиот значително потопол бран од југ, односно од Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e