Командна одговорност за настаните во Собрание, побара полицискиот синдикат

Ацо Антовски од полицискиот синдикат побара командна одговорност, правична и поединечна истрага за насилствата во Собранието. Ваквото барање доаѓа по суспендирањето на 16 полициски службеници поради несоодветното дејствување за време на нередите во претставничкиот дом.

-Апелираме до Министерството за внатрешни работи своите надлежности да ги извршува темелно и правично во согласност со законските одредби, притоа внимавајќи на сите поединечни карактеристики на секој случај одделно, особено дали поединечни колеги кои биле сами или во мал број биле во состојба квалитетно да делуваат, притоа недобивајќи соодветни инструкции за ваков специфичен настан. Бараме МВР да не ја занемари командната одговорност која е круцијална во овие ситуации, истакна Антовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e