Кога Грујо оди во џамија е соживот, кога СДСМ ќе направи коалиција со ДУИ, тоа е „загрозување на националните интереси

Кога ДПМНЕ 9 години за коалициски партнер го има ДУИ, нема никаков проблем.

Кога за министри за одбрана и за внатрешни работи поставуваат Албанец, така треба.

Кога го предлагаат и усвојуваат Законот за јазиците, за албанското знаме и за универзитети на албански јазик, нема ништо лошо во тоа.

Кога гласаат амнестија за „Хашките случаи“, ако.

Кога Грујо присуствува на молитва во џамија, тоа е соживот.

Ама кога СДСМ ќе направи коалиција со ДУИ, тоа претставува „загрозување на националните интереси и државата мора да се брани на улица“.

Тезата е толку необјективна и депласирана што не заслужува да се коментира.

Фејсбук статус на  Зоран Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e