Клучните наоди на ЕК: Опструкции на СЈО, медиумите се сериозен предизвик, недостиг на независност во судството…

Европската комисија повторно даде условена препорака за Македонија потенцирајки дека се зависи од имплементацијата на договорот од Пржино, спроведување на фер и демократски избори како и суистемски промени по изборите. 

Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси.

Еве ги накусо забелешките:

  • Меѓуетничка состојба: Сè уште е кршлива;
  • Цивилно општество:  Игра важна улога во поддршка на важните демократски процеси и осигурување контрола;
  • Јавна администрација: Се забележува напредок, иако ограничен. Има недоволен напредок во имплементацијата на претходните препораки на Комисијата;
  • Судски систем: Се забележува назадување од 2014 година и реформите имплементирани од претходната декада се поткопани од политичкото влијание. Опструкциите со кои се соочи новоформираното Специјално јавно обвинителство го покажуваат недостигот од независност на судството и недостигот од спречување на селективна правда;
  • Борбата против корупцијата: Има некое ниво на подготвеност, но корупцијата е застапена во многу области и тоа е сериозен проблем;
  • Заштита на човековите права: Треба да се вложи повеќе напор за да се осигури почит на човековите права на ранливите категории, вклучувајќи ги мигрантите и бегалците;
  • Слобода на изразување: Ситуацијата со медиумите останува сериозен предизвик во сегашната политичка клима;
  • Мигрантска криза: Земјата сè уште е погодена кризата, но земјата продолжува да соработува со соседните земји, како и со земјите членки на ЕУ;
  • Економија: Висока невработеност на младите и ниска конкурентност на домашниот приватен сектор, каде што има слаба примена на договорите и отежнат пристап до финансиите. Јавниот долг и понатаму се зголемува. Потребни се инвестиции во јавната инфраструктура за зголемување на конкурентноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e