Клиниката за торакална и васкуларна хирургија ја доби најсовремената операциона сала во државава

Новиот болнички оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија доби една од најсовремените операциони сали во Северна Македонија и регионот која ги исполнува највисоките стандарди за давање на квалитетна здравствена услуга на граѓаните.
Од Министерството за здравство потсетија дека салата, која беше пуштена во употреба во јануари оваа година, претходно била целосно запуштена и воопшто не се користела. Салата е изградена од темел и опремена е со најсовремена медицинска опрема.
-Во изминатиот период ги подобривме условите во повеќе од 30 јавно-здравствени установи. Спроведуваме политики кои овозможуваат квалитетно и модерно здравство за сите граѓани во Република Северна Македонија, потсетуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e