ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА Или ќе се бориме со втората генерација деца на режимот

Крива Паланка ги отвори своите врати и масовно го пречека претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата – Стево Пендаровски. И како што кажа и самиот Стево, Крива Паланка му е омилена затоа што таму поддршката без конкуренција е најбројна, најмасовна и најсрдечна.

436162670_832061905626996_3963713016879822229_n

Кривопаланчани знаат дека во последниве години градот се разбуди и за првпат доживеа и локалната и централната власт да покажат симултана грижа во вистинска смисла на зборот и градот да процвета во инфраструктурна, културолошка и секоја друга смисла.

Крива Паланка од еден обичен трофеј, стана една од најпозитивните приказни во државата.

Од она што го слушнавме е дека изборот овојпат е јасен, или европски пат или ништо, а Стево не’ потсети дека:

  • Не смееме да заборавиме дека благодарение на оваа власт станавме членка на НАТО што значи дека никој не смее да ја чепка нашата држава за век и веков, бидејќи седиме на маса и имаме загарантирана поддршка од најголемите и најмоќни држави во светот
  • СДСМ никогаш во своето владеење не калкулираше и не се грижеше за индивидуалните политички кариери, за разлика од режимот кој отсекогаш се грижел само за рејтингот
  • ВМРО-ДПМНЕ свесно ја попречуваат интеграцијата и напредокот на државата, опструкциите се еднакви на оние од источниот сосед
  • Денешното милје на ВМРО-ДПМНЕ е пополнето со втора генерација деца и ученичиња на режимот
  • Не смееме да ја дадеме довербата на некои што после избори ќе ни кажеле што ќе прават
  • Не смееме да дозволиме повторно пресуди да се нарачуваат по телефон, да се апсат новинари на задача заради 2 збора против раководството како што се случи пред некој ден, да се помилуваат криминалци како што правеше Иванов…

Изборот е помеѓу демократи и автократи.

Ќе продолжиме со европска интеграција или ќе се бориме со втората генерација деца на режимот.

Изборот е на нас, изборот е сега!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e