Ќе има лидерска меѓу Ковачевски и Мицкоски?

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во изјава за медиумите денеска изјави дека планира во следните 10. денови да го викне лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски за да разговарале на две теми.

-Јас планирам и да го поканам во текот на наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме за две теми. Првата тема ќе биде коишто јас ќе ги предложам како теми, првата тема ќе биде како домаќин, нормално како претседател на Влада, носењето на одлуки потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и второ, усогласување на ставови за односи со сите соседни држави на Република Северна Македонија, изјави Ковачевски кој денеска беше во скопскиот Клинички центар.

Одговарајќи на прашања за уставните измени, Ковачевски кажа дека очекува во понеделник предлог-иницијативата од работната група да биде во архивата на Владата и потоа дека ќе се најде на седница на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e