Кирацовски:Пендаровски е во водство и очекуваме победа

Ги имаме првичните тенденции. Стево Пендаровски е во водство и очекуваме победата. Очекуваме и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирно спроведените демократски избори. Изборниот ден да финишира во ваква атмосфера, никој да не се обидува преку лажни вести да бара оправдување за резултатот, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на првата прес-конференција по само половина час од затворањето на избирачките места.

Меѓутоа, тој не сакаше да каже колкаво е првичното водство.

– Првичните тенденции укажуваат дека е во водство, а во колкаво ќе знаеме за околу час и половина – одговори Кирацовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e