Кирацовски: Кандидатурата на Стево е заеднички избор на граѓаните за напредна, стабилна и безбедна татковина

Денеска во името на над 32 илјади граѓани до Државната изборна комисија ја доставивме кандидатурата на Стево Пендаровски, за претседател на сите граѓани.

Горди сме што за само еден ден, со свој личен потпис огромен број граѓани застанаа зад оваа кандидатура.

Несомнено кажано оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Стево е избор за Претседател на сите граѓани, за сигурна, стабилна, безбедна и напредна Република Северна Македонија.

На граѓаните, на нашата држава потребен им е претседател првенствено кој што обединува, кој што работи чесно и професионално, и кој што ги штити интересите на граѓаните и државата.

Тоа е Стево!

Претседател кој што ќе ја води државата напред кон ЕУ и НАТО, и кој што ќе го гради концептот едно општество за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e